ВИДЕО | АД Бутел: Зголемениот број погреби не значи поголем профит за нас

Зголемениот број погреби, најмногу поради пандемијата од ковид-19, не значи зголемен профит за АД Бутел, затоа  што претпријатието не ги зголеми услугите за  погребение, рече денеска во „Утрински брифинг“ Анета Стефановска, раководител во служба во АД Бутел.

Ние работиме врз основа на цени кои се утврдени со одлука на Управниот одбор за која Градот има дадено согласност. Ние ги почитуваме одлуките и не наплатуваме ништо дополнително. Свесни сме дека граѓаните се понекогаш револтирани поради недоволното одржување хигиена, но се трудиме да ги елиминираме причините за поплаки. Имаме оставено и контакт телефон на кој странката може  да се јави и заедно да го лоцираме и да го решиме проблемот. Гробиштата се распространети на многу голема  површина и тоа претставува понекогаш потешкотија да се сработи, вели Стефановска.

Одржувањето на гробишата чини 320 денари и е на годишно ниво. За површина од 830 000 метри квадратни за одржување, ангажирани се околу 35 луѓе, а за време на големите верски празници се ангажираат и дополнителен број на луѓе, велат од претпријатието.

 Сквернавењето на гробните места и уништувањето на надгробните плочи е значително намалено во изминативе години, што верувам дека се должи на видеонадзорот кој го поставивме, но доколку се случи такво нешто се трудиме  да ја отстраниме штетата и да ги вратиме спомениците во првобитната состојба, додава Стефановска.

До нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки, најмногу граѓаните се жалат дека на гробиштата недостасуваат клупи за одмор. Од АД Бутел велат дека за поставување на клупа се поднесува барање, по што се утврдуваат условите и се проценува дали има можност за поставување клупа. Доколку има, самиот старател си ангажира каменорежачка фирма која има склучено договор со претпријаието за соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот