ВИДЕО | 37 години од „Божјата рака“ на Марадона

фото: твитер

Денес е посебен ден за Аргентинците – поминаа 37 години откако Диего Марадона ги постигна двата најпознати гола во историјата на фудбалот.

На стадионот Астека во Мексико Сити, Марадона двапати ја погоди мрежата на Англија, едниот дефиниран како „Божјата рака“, а вториот во еден незаборавен соло продор, во четвртфиналето на Светското првенство, на 22 јуни 1986 година.

Аргентина се сеќава на овој датум секоја година, а тој дополнително доби на значење по смртта на Марадона во ноември 2020 година.

Во 51 минута од натпреварот се случи момент кој го одбележа фудбалот на 20 век. Марадона скокна и се обиде да стигне до топката со глава, но кога сфати дека нема да ја достигне, со рака ја турна во мрежата.

Тунижанецот Али Бенасер, главниот судија на натпреварот, не го виде овој детал, па покажа кон центарот, иако бурна реагираа Англичаните.

„Гаучосите“ потоа во полуфиналето ја совладаа Белгија (2:0), а во големото финале беа подобри од тогашната Западна Германија (3:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот