Ви го претставуваме виното ANTIGONA 2019 од Стоби

Антигона 2019 (ANTIGONA 2019) е полусуво црвено вино, направено од вранец, каберне франк и пино ноар.

Ова вино има препознатлива и примамлива црвена нијанса. Преовладуваат овошни и зачински ароми кои го исполнуваат нежниот, но долг вкус. Најдобро е да се служи на температура од 14-16°C со традиционална македонска кујна, но и со суво месо и зрело сирење.
Бербата е од сопствени плантажи.

Вински ноти

Боја: рубин боја

Ароми: овошно-зачински ароми со вишнова нота

Вкус: богата кремаста текстура со извонредно нежни танини и долг послевкус

Винарска белешка: елегантно црвено вино со заокружено тело, надополнето со нежни зачински ноти проткаени со овошни ароми

Комбинација со храна: се препорачува да се консумира во комбинација со суво црвено месо, деликатесни македонски тави и зрело сирење. Одлично се комбинира со пикантни јадења.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот