Ветеран пронајден мртов во замрзнувач со заверена изјава од нотар: СОПРУГАТА НЕ Е ВИНОВНА

Фото: Гугл мапс/Принтскрин

Кога починала Џејн Сурон-Матерс во ноември годинава, полицијата од градот Тоела во државата Ута го пронашла телото на нејзиниот сопруг Пол во замрзнувачот во нивниот дом.

Но, тоа не е сè. Полицијата пронашла заверена изјава, или документ во кој се вели дека сопругата не е одговорна за неговата смрт, пренесува Си-Ен-Ен.

Ја примала неговата пензија?

Инспекторите овие денови објавија дека Пол Матерс починал уште пред десетина години и испитуваат дали неговата сопруга ја добивала пензијата од ветеранот по неговата смрт.

Наредникот Џереми Хансен од полицискиот оддел Тоел, вели дека истражителите покренале судска истрага и сега го чекаат финансискиот записник.

Изјава заверена од нотар

Полицијата верува дека Пол Матерс починал помеѓу 4 февруари 2009 година и 8 март 2009 година, а страдал од терминална болест. Пред да умре, Матерс напишал своерачна изјава дека неговата сопруга не е одговорна за неговата смрт и ја заверил кај нотар во декември 2008 година.

-Истражителите пронајдоа белешка што ја заверил лично Матерс, но нотарот ја заверил без притоа да ја прочита внимателно- изјавил Хансен.

Џејн Сурон-Матерс (75) починала во ноември, од навидум природна смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот