Весна Дамова нов член на Судскиот совет по предлог на претседателот Пендаровски

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На денешната собраниска седница народните избраници го изгласаа и вториот предлог за член на Судскиот совет на претседателот Стево Пендаровски, Весна Дамова, а на почетокот на летото беше избран Миљазим Мустафа.

Пратениците денеска го избраа за член на Советот и Селим Адеми, по предлог на ДУИ. На Адеми ова ова ќе му биде втор шестгодишен мандат во Судскиот совет.

Предлогот на СДСМ Павлина Црвенковска, на Комисијата за избори и именување одржана на 6 декември не доби поддршка во Комисијата. Со ваквиот исход од денешната седница Судскиот совет со месеци ќе биде покус за еден член, кој треба да биде избран по предог на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот