Велковски: Реално ние сме аутсајдери во баражот, има многу добри репрезентации

Дарко Велковски во дресот на македонската А фудбалска репрезентација/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Зад Дарко Велковски е успешен период, со најдобрата македонска репрезентација ги заврши квалификациите за Светското првенство со две победи против Ерменија (0:5) и Исланд (3:1).

На тој начин со А селекцијата се избори за пласман во дополнителните квалификации за учеството на Мундијалот во Катар. Играчот на хрватската Риека за клупскиот сајт изјави дека Македонија постигна голем успех со освојувањето на второто место во групата и местото во баражот.

– На крајот клучен беше мечот Романија – Исланд во кој Романците загубија важни бодови. По славјето против Ерменија ни требаше победа против Исланд во последниот натпревар, но не беше лесно.

На стадионот имаше многу луѓе, имаше одлична атмосфера, верувавме дека ќе победиме, но далеку од тоа дека беше лесно. Успеавме да поведеме, но потоа Исланд израмни и имаше уште неколку шанси. Успеавме да се одбраниме, потоа да поведеме и на крајот кога Исланд доби црвен картон беше јасно дека ќе славиме. Ова е голем успех за нас, ја искористивме нашата шанса – рече Велковски.

Македонија ги дозна сите можни противници во баражот за Мундијалот во Катар

Сега со нетрпение се очекува жрепката на 26 ноември кога ќе го дознаеме ривалот во полуфиналето кое ќе го играме на гостински терен.

– Можам да кажам дека сега го поминавме полесниот дел доколку ги погледнеме квалификациите за Светското првенство. Следува доигрувањето, се игра по нов систем, има многу добри репрезентации и реално на секој натпревар ќе бидеме аутсајдери. Наше е да го дадеме максимумот и да направиме сè за да ја искористиме шансата – вели Велковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот