Велковски и Риека финалисти во Купот на Хрватска (ВИДЕО)

фото: твитер

При негатива од 0:2 во игра влезе македонскиот репрезентативец со кој се доби на поголема цврстина и сигурност во домашната одбрана…

Вечерва екипата на Риека во полуфиналето од хрватскиот куп успеа со 3:2 да го совлада составот на Осиек.

Гостите водеа со 0:2 благодарение на головите на Бочкај реализирани во 17 и 48 минута од средбата.

Одбраната не беше на највисоко ниво во домашната екипа, па доби на поголема цврстина и сигурност со влегувањето на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски во 54 минута од мечот.

120 секунди подоцна гостите останаа без играч помалку на теренот и тоа го искористија ривалите за целосен пресврт. Намали Муриќ, па израмни Чолак од пенал, а во една контра која ја започна Велковски конечниот епилог го постави Јатеке (86`).

Во финалната битка за трофејот во куп натпреварувањето во Хрватска противник на Риека ќе биде Локомотива Загреб која претходно со 3:1 го елиминираше Славен Белупо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот