Велика Британија и делови од Европа денеска ќе бидат на удар на бурата Кијара

Во Велика Британија е издадено предупредување до граѓаните да не излегуваат и да останат во своите домови, пренесува „Експрес” .

 Бурата Кијара денеска ќе ги погоди Велика Британија, како и делови од северозападна Европа, донесувајќи удари на ветрот поголеми и од 120 километри на час и поројни врнежи.

Во Велика Британија е издадено предупредување до граѓаните да не излегуваат и да останат во своите домови, пренесува „Експрес” .

Бурата Кијара е најсилната во последните неколку години што ја погодува оваа земја и ќе предизвика хаос во сообраќајот, па населението се советува да не тргнува на пат без некаква итна потреба.

Се очекуваат откажувања на многу летови, како и проблеми во железничкиот и поморскиот сообраќај.

Кијара ќе ги погоди и Ирска, како и Белгија и северот од Франција, а потоа ќе тргне во правец на Скандинавијa.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот