Вечното кошаркарско дерби во полуфиналето на Купот

фото: МКФ

Големите скопски ривали МЗТ Скопје и Работнички ќе играат меѓу себе во утрешното полуфинале (20.15 ч.) од кошаркарскиот куп на Македонија кој се игра во Гевгелија.

Работнички рутински го совлада Куманово со 104:80, а својата сила и решеност да дојде до јубилејниот 10. трофеј во Купот на Македонија,  ја демонстрира уште во првата четвртина која ја реши во своја корист со 31:16. Бојан Крстевски со 24 постигнати поени  беше најпрецизен насредбата, додека Бобан Стајиќ додаде 20 поени.

И МЗТ Скопје немаше никакви проблеми со Кожув победувајќи со 89:62. Одличната форма кошаркарите на МЗТ Скопје ја демонстрираа уште од првата минута, поведоа со дури 18:0, а п противникот првите поени ги постигна во дури петтата минута. Дамјан Стојановски со 15 поени и Љубомир Младеновски и Предраг Самарџиски со по 10 поени беа најзабележителни во победничкиот тим.

Прв полуфиналист е домаќинот Блокотехна која фуриозно го стартуваше завршниот турнир. Декласиран е тимот на АВ Охрид со 115:68. Божо Ѓумиќ со 21 поен беше најдобар кај Блокотехна, додека новите засилувања Павле Михајловски и Кенет Фанденбург постигнаа 19 односно 15 поени.
Нивен ривал е победникот од последната четвртфинална средба помеѓу Гостивар и Фени Индустри која се игра во моментов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот