Веб-сајтови и профили на социјални мрежи во Грција ширеле лажни вести за вакцината и Ковид-19

Кибер / Фото: Архива

Четири сајтови и шест профили на социјалните мрежи откри Дирекцијата за борба со кибер криминал на грчката полиција по завршениот прв дел од истрагата поврзана со ширење лажни вести и поттикнување на граѓаните на постапки против јавно здравје, безбедноста и државата , јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за сајтови и профили кои ширеле лажни вести поврзани со вакцинацијата и Ковид-19.

Истрагата започна по наредба на министерот за цивилна заштита Такис ​​Теодорикаку и денеска беа објавени првите резултати, а за конкретните сајтови и профили постојат докази дека се виновни за ширење лажни вести, поттикнување непослушност и обид за измама.

Конкретниот материјал од истрагата е доставен до Обвинителството во Атина, кое ќе спроведе прелиминарна истрага и понатамошна истрага за случаите.

Од надлежното Министерство додаваат дека истрагите на Дирекцијата за борба со кибер криминал продолжуваат и за конкретните 10 случаи, но и за други случаи што може да се откријат.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот