Васил Гарванлиев: Се плашев да кажам дека сум геј, но по сите закани решив да ја раскажам мојата приказна

Instagram
Instagram

Македонскиот претставник на годинешното издание на Евровизија, Васил Гарванлиев воодушеви со својата изведба на песната „Here I Stand“. За жал, моќниот настап, маестралната изведба и специјалните ефекти на сцената проследени со огромен аплауз од публиката не беа доволни за пласман во големото финале.

Гарванлиев непосредно пред големиот настан, за британскиот магазин „Attitude“ за прв пат прозборе јавно за својата сексуалност, изјавувајќи дека да се биде геј е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека тешко зборува на таа тема.

„Најмалку интересна работа за мене е дека сум геј“: Васил Гарванлиев е спремен да биде гласот на ЛГБТИ заедницата од Македонија

Во своето неодамнешно гостување во емисијата на „Reporter.mk“ отворено прозборе за своите импресии од Евровизијата, за рекациите, поддршката и за својата сексуалност.

Мислам дека бев во пубертет кога сфатив кој сум. Тогаш ѝ напишав писмо на мајка ми, а таа откако го прочита ми рече: „Знаев и пред да ми кажеш. Биди среќен, тоа ми е најважно“. Ми олесна што ѝ кажав и што таа ме израсна со многу љубов“, рече Васил во своето интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V Λ S I L (@vasilg)

Верувам во љубов, тоа е мојата Ахилова пета. Тоа е и мојата порака за младите: Најди личност на која ќе ѝ веруваш, и сподели. Вистината боли, но ти дозволува да живееше мирно“, истакна Гарванлиев.

Уште кога го промовираше спотот за песната „Here I Stand“, јавноста беше поделена. Додека некои беа воодушевени, многумина вмешаа политика во целата приказна обвинувајќи го дека наводно во спотото се појавува бугарското знаме кое го поврзаа со двојното државјанство на Гарванлиев. Македонската телевизија мораше да состави комисија која анализираше и утврдуваше дали Васил со својата изјава дека има бугарско државјанство некако ги прекршил евровизиските правила. На крај, му беше дозволено да ја претставува нашата држава на Евровизија и да ја испее својата песна.

Приватна архива

Човек сум и ако кажам дека се е океј, ќе излажам. Но, бев многу мирен, затоа што работите беа извадени од контекст. Се зачудив колку… не сакам да кажам плитко, но на еден начин, плитко размислуваме и веруваме на тоа што го читаме… Јас и пред две години реков дека сум најгордиот Македонец. Сепак, очекував одговорите во тој момент да застанат зад мене, а тоа не се случи“, вели Васил додавајќи дека иако бил последен, не добил гласови од жирито и не влезе во големото финале, е горд на себе и на фактот дека ја претставуваше Македонија.

Целото интервју можете да го проследите на следниов линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот