Вархељ излезе од карантин откако доби и втор негативен тест за коронавирус

Фото: МИА

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ доби и втор негативен тест на коронавирус, по што излезе од карантин, во кој се наоѓа по посетата на Западен Балкан.

– Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни, напиша Вархељ на својот твитер-налог.

Тој беше во самоизолација по добиената информација дека еден член на неговиот тим, со кој патувал во посета на Западен Балкан, бил позитивен на тестот на ковид-19.

Вархељ: Да веруваме дека добрососедските односи меѓу РСМ и Бугарија ќе донесат решение (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот