Вархеји: ЕК успеа да воспостави кредибилитет на ЕУ во Западен Балкан

Оливер Вархеји / Фото: EPA

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархели изјави дека Западен Балкан е голем предизвик и голем приоритет за Европската Унија и оцени дека Европска комисија успеала повторно да воспостави кредибилитет на Унијата во регионот.

Тој во видеоинтервју за американската организација „Адвокаси енивеар” (Advocacy Anywhere) истакна дека ЕК напорно работела и успеала во воспоставување на силно присуство на ЕУ на Западен Балкан.

Вархели најави дека ЕУ на есен планира економски и развоен инвестициски план за Западен Балкан.

– Целта е Западен Балкан посилно да се поврзе со економиите и општетствата на ЕУ, посочи Вархели, додавајќи оти сите балкански земји сакаат да и се придружат на Унијата.

Тој осврнувајќи се на односите ЕУ – САД наведе дека „во соседството гледа некои клучни предизвици” за кои Брисел во соработка со Вашингтон може да изнајде решение, при тоа наведувајќи го примерот со Дијалогот Белград – Приштина.

Според еврокомесарот соработката помеѓу ЕУ и САД е неопходна и за решавање на проблемите поврзани со Украина и Блиски Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот