Вардар се врати на врвот во Втората лига по триумфот над Воска Спорт

Момент од натпреварот Вардар - Воска Спорт/фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Денеска во дербито на 10 коло во Втората македонска лига составот на Вардар триумфираше против Воска Спорт со конечен резултат 2:1.

Скопските „црвено-црни“ со новата победа сезонава моментно се на водечката позиција на табелата со 25 бодови, два повеќе од Воска Спорт на второто место.

Екипата на Бобан Грнчаров поведе со голот на Десниќ, потоа со прекрасен удар од над 25 метри стрелаше Мицевски за 2:0, а конечниот епилог го постави Емини.

Битолски Пелистер на домашен терен славеше против Беласица со голот на Наумовски во 44 минута од средбата.

Во другите мечеви: Арсими – Беса 1976 2:0, Борец – Караорман 0:2, Детонит Плачковица – Лок. Скопје 3:2, Кожуф Гевгелија – Гостивар 0:3 и Охрид – Саса 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот