Фото: facebook.com/rkvardar

Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Прилеп за „седум од седум“

Денеска во седмото коло од машката ракометна Суперлига, играчите на Вардар 1961 денеска убедливо со 39:22 славеа над Прилеп.

Сите дилеми на овој натпревар беа решени уште по првото полувреме кога „црвено-црните“ водеа со 19:9.

Во победничките редови по пет голови запишаа Кристијан Атаанасовски и Харуки Кавада. На спротивната страна седум погодоци беа дело на Димитар Димитриоски.

Играчите на Иван Чупиќ се на првото место на табелата со 14 бодови, пред Алкалоид со 10 и Еурофарм Пелистер со девет кои имаат по еден меч помалку.

Прилеп кој го претрпе четвртиот пораз сезонава е на седмата позиција со шест бодови.

Во следното коло Вардар на 18 октомври ќе му гостува на МРК Куманово, додека тимот на Прилеп истиот ден ќе го пречека ГРК Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот