Ванковска: Ни ја зедоа државата, нема веќе демос, има само етнос

Билјана Ванковска/Слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

Во Тетово, партијата Левица одржа народен собир на која беше претставена изборната програма „Го враќаме достоинството на нацијата“ на нивниот претседателски кандидат Билјана Ванковска.

Таа рече дека противкандидатите бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија.

„Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога една од противкандидатите зборува за гордост јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди. Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд. Бегаат од мегдан. Јас им фрлам ракавици. Од пазарчиња од улици од социјални мрежи. Тоа што го кажа Апасиев „Ќе ги растуриме на дебати“ ги уплаши. Така да сега бегаат од мене и од соочувања“, рече Ванковска.

Понатаму додаде дека сите кандидати меѓусебно ќе си се сложат. На крај ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав. Само јас сум против“, рече Ванковска.

По Ванковска се обрати Игор Димески носител на листа на ИЕ6. Тој истакна дека од градот во кој е создадена Комунистичката партија на Македонија сака да испрати порака дека ако сега потфрлиме прашање е дали ние воопшто како нација заслужуваме да имаме држава.

„Во овие 25 години политичка активност, идејата во која верував ја сочував чиста од политички манипуланти. Тоа ме чинеше многу изгубено време во организации кои само декларативно ги споделуваа вредностите за кои се борев. Последниве седум години во Левица сум растоварен од тие стравувања. Левица е единствена партија која се потпира на идеологијата за која се залага туку и партијата која ги отвори суштинските прашања во општеството, на кои ако не најдеме одговори ќе ја изгубиме републиката“, истакна носителот Игор Димески.

Партискиот лидер Димитар Апасиев порача дека во иднина нема да има Влада без учество на Левица. Тој рече дека Левица ја создаде Македонската платформа во пет точки која ја има понудено до сите македонски партии.

„Петте точки се: Не преговараме за унитарноста, за територијалниот интегритет и суверенитет, за државните инсигнии, за секуларноста и не преговараме за идентитетот. Не може историски комисии да ни ги пишуваат нашите учебници и наратив. Левица ја понудува македонската платформа како пандан на нивата Тиранска платформа. Нудиме изборна реформа со една изборна единица без цензус, да видиме како пратеник во ИЕ6 се станува со 6 илјади гласови, а пратеник во „тројка“ со 10 илјади гласови“, истакна Апасиев.

Наместо етничка, ќе се воведе класна позитивна дискриминација, рече Апасиев, според кого тоа ќе биде политика на поврзување помеѓу граѓани, наместо Рамковен договор, кој е изграден по војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот