Вакцината на АстраЗенека штити подобро од Фајзер, истражување во Шкотска

Вакцината на „АстраЗенека“ против ковид/ Фото EPA-EFE/MONIRUL ALAM

Една доза од вакцината проив ковид-19 во Шкотска го намали бројот на хоспитализации за повеќе од 85 отсто, покажаа првите податоци од истражувањето за влијанието на британската програма за вакцинација.

Според првичните резултати од истражувањето, објавено во магазинот „Бритиш медикал џурнал“, а кое го спроведоа  научниците од шкотските универзитети и Јавно здравје од Шкотска, првата доза на вакината на Фајзер го намал бројот на хоспитализации за 85 отсто, а на вакцината АстраЗенека на оксфордскиот универзитет за 94 проценти. 

Податоците за влијанието на вакцините се добиение од осми јануари до средината на февруари, а во тој период примени се над милиони дози од вакцините, од кои 650 илјади добиле вакцина од Фајзер, а 490 илјади од АстраЗенека.

Двете вакцини се користени за вакцинација на постара популација, а кај оние со најголем ризик односно луѓето што имаат над осумдесет години ризикот за хоспитализација во четвртата недела е е намален за 81 отсто. 

„Добра вест е дека програмата за вакцинација во сегашната форма делува“, рече др. Џоси Мареј од Шкотскиот завод за јавно здравје, која учествуваше во студијата, и додаде дека друга фантастична вест е дека со тоа потенцијално ги штитат болниците од преоптовареност со заболени од ковид-19.

извор.Блиц.хр

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот