Ужасен биланс од нападот на карневалот во Германија: Од 35-те хоспитализирани, дури половина се деца

Фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Триесет и пет лица, од кои половина деца, денес се хоспитализирани, еден ден откако автомобил влета во карневалска поворка во Германија. Возачот, 29-годишен државјанин на Германија од таа област, исто така се наоѓа во болница поради тешки повреди на главата, рече портапролот на полицијата Хенинг Хин.

Полицијата продолжува да ги бара мотивите за неговиот напад, за кој верува дека е намерен.

– Не можеме ништо прецизно да кажеме за неговите мотиви – рече Хин за новинарите, додавајќи дека полицијата уште не можела да го испита осомничениот поради неговата здравствена состојба. Полицијата на Северне Хесен соопшти дека се повредени 18 деца.

Покрај 35-те повредени кои за текот на ноќта се сместени во болница, уште 17 лица се лекувани и испратени дома, по инцидентот кој вчера попладне се случи во Фолскмарсен, во близина на градот Касел.

Ширум Германија вчера се одржани карневалски прослави, а најголемите беа во Келн, Дизелдорф и Мајнц. Фолксмарсен кој има 7 илјади жители, се наоѓа во централниот дел на Германија, во сојузната држава Хесен.

Хесен се уште е во шок поради минатонеделниот расистички оружен напад во предградие на Франкфурт, во кој 43-годишен Германец уби девет лица со имигрантско потекло, а потоа и својата мајка и себе.

УЖАС ВО ГЕРМАНИЈА: Автомобил влета во карневалска поворка, најмалку 30 повредени

Детали за инцидентот на карневал во Германија: Возачот намерно влетал во карневалската поворка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот