Детали за инцидентот на карневал во Германија: Возачот намерно влетал во карневалската поворка

Возачот е уапсен, но полицијата не можеше веднаш да соопшти детали за мотивите за насилниот упад на прославата во градот, што се наоѓа на 280 километри југозападно од Берлин.

Мажот кој денеска со автомобил влета во карневалската поворка во германскиот град Фолкмарсен и притаа повреди најмалку 30 лица, вклучувајќи и деца, тоа го сторил намерно, потврди полицијата.

Возачот е уапсен, но полицијата не можеше веднаш да соопшти детали за мотивите за насилниот упад на прославата во градот, што се наоѓа на 280 километри југозападно од Берлин.

– Работиме врз претпоставката дека станува збор за намерен напад – рече портпаролот на полицијата Хенинг Хин, наведувајќи дека меѓу повредените има и такви со повреди опасни по животот, како и деца.

Според портпаролот на полицијата, возачот на автомобилот кој влета во карневалската поворка бил 29-годишен германски државјанин, јави ТВ Хесенесау.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот