Усман Дембеле официјално потпиша за ПСЖ до 2028 година

фото: psg.fr

Усман Дембеле (26) го реализираше трансферот во ПСЖ и денеска официјално потпиша за францускиот шампион. Париските „светци“ на својот клупски сајт го промовираа Французинот како нивни нов фудбалер, а договорот е потпишан на пет години.

Крилото се враќа во најсилната француска „Лига 1“ во која последен пат настапи во 2016 година како играч на Анже. Следуваше трансферот во Борусија Дортмунд, по што се пресели во Барселона чиј дрес го носеше шест сезони, имаше 185 настапи, запиша 40 голови и 43 асистенции.

Беше дел и од француската репрезентација која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, но и селекцијата која лани во Катар стана светски вицешампион.

– Пресреќен сум поради мојата преселба во ПСЖ и едвај чекам да играм за мојот нов клуб. Се надевам дека ќе продолжам да растам овде и ќе ги направам горди сите навивачи – рече Дембеле.

Новинарот Фабрицио Романо истакна дека ПСЖ за услугите на Дембеле на Барселона ѝ платил надомест во висина од 50,4 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот