Уште еден земјотрес во Србија: Регистриран во Бор!

Земјотрес /Фото: МИА

Републичкиот сеизмолошки завод соопшти дека денеска е регистриран уште еден земјотрес во Србија.

Станува збор за послаб земјотрес што се случи во околината на Бор, со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала.

Ова е деветти земјотрес на територијата на Србија во последните осум дена.

За потсетување, во четвртокот беа регистрирани два земјотреси. Претходно во четвртокот беше забележан земјотрес во околината на Крагуевац, што беше трет земјотрес во последните три дена. Неколку часа подоцна, сеизмолозите забележаа земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во областа Блажево.

Исто така, во саботата беше регистриран земјотрес во Младеновац, а потоа во вторникот вечерта потрес беше почуствуван во околината на Крагуевац.

Само неколку часа подоцна, во средата наутро, е регистриран уште еден земјотрес, исто така во реонот на овој град.

Но, земјата не мируваше па во средата околу девет часот наутро е регистриран земјотрес во Топола.

Во серијата земјотреси за среќа нема повредени,ниту пак е пријавена материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот