УНИЦЕФ: Десет милиони деца би можеле да стапат во брак за време на пандемијата

epa07409126 Young Lebanese girls carry placards as they participate in a march against child marriage in Beirut, Lebanon, 02 March 2019. Reports state hundreds marched in Beirut urging lawmakers to prepare legislation banning marriage of children below the age of 18. EPA-EFE/WAEL HAMZEH EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Во услови на пандемија на коронавирусот, десет милиони деца може да стапат во брак до 2030 година, предупреди УНИЦЕФ, а уште стотина милиони девојчиња може да бидат принудени на брак до крајот на деценијата.

Браковите на девојчиња на возраст под 18 години се резултат на повеќе фактори поврзани со кризата поради ковид 19, пред сè затворање на училишта, влошување на економските услови, нарушувања во јавните услуги и смрт на родителите, предупредува Фондот за деца на ОН.

– Ковид-19 ја влоши веќе тешката состојба за милиони девојчиња … Но, можеме и мора да ставиме крај на малолетничките бракови, истакна извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе во изјава објавена денеска.

Пандемијата на тој начин се заканува да го запре напредокот постигнат во изминатата деценија во која стапката на бракови на малолетни девојчиња се намали од 25 на 20 проценти, што значи дека 25 милиони вакви бракови не биле склучени.

– Мораме да преземеме итни чекори за да ги намалиме последиците (од пандемијата) врз девојчињата и нивните семејства, рече Форе. – Со повторно отворање на училиштата, обезбедување пристап до социјална заштита и услуги и спроведување на законите и соодветните политики, можеме да помогнеме да се спречи уништувањето на нивното детство.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека 650 милиони девојчиња во светот се венчале пред да наполнат 18 години. Половина од ваквите бракови се случиле во Бангладеш, Бразил, Етиопија, Индија и Нигерија.

Стапката на бракови на малолетни девојчиња во Нигер минатата година е 76 проценти, а во Демократска Република Конго 68 проценти, наведува УНИЦЕФ.

Стапката на брак на малолетни момчиња е шест пати помала од онаа на девојчињата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот