УНФПА: Коронавирусот го зголеми семејно насилство за 20 отсто

epa07830520 A Yemeni child peeps around a door as she waits to get medical checkups at a health center in Sana'a, Yemen, 09 September 2019. According to reports, by the end of August 2019, at least 100 of the 268 hospitals in Yemen UNFPA currently supports were closed, and another 75 will be shuttered by the end of September due to lack of funds, affecting more than one million women accessing reproductive health services. EPA-EFE/YAHYA ARHAB

„Оваа пандемија ги продлабочува нееднаквостите, а милиони жени и девојки губат можност да ги испланираат своите семејства, да ги заштитат своите тела и здравјето”.

Рестриктивните мерки за коронавирусот може да доведат до 20 проценти повеќе семејно насилство бидејќи жртвите се затворени со своите насилници, објави деенска ОН, предупредувајќи дека пандемијата може да има „катастрофални последици” за жените.

Десетици милиони жени немаат пристап до контрацепција поради пандемијата, а милиони повеќе девојки би можеле да бидат присилени на брак или обрежување, велат истражувачите.

Секои три месеци рестриктивни мерки може да резултираат во повеќе од 15 милиони случаи на семејно насилство повеќе од вообичаеното, според Агенцијата на ОН за сексуално и репродуктивно здравје (УНФПА). Тие проекции ставаат нагласок на она што ОН го нарекува „пандемија во сенка”. – Овие нови податоци покажуваат катастрофални последици поради Ковид-19 кои може да ги погодат жени и девојки во целиот свет, изјави шефицата на УНФПА; Наталиа Канем.

„Оваа пандемија ги продлабочува нееднаквостите, а милиони жени и девојки губат можност да ги испланираат своите семејства, да ги заштитат своите тела и здравјето”.

Тие предвидуваат дека 44 милиони жени во 114 земји во развој ќе изгубат пристап до контрацепција, што може да доведе до еден милион несакани бремености доколку рестриктивните мерки траат три месеци.

Доколку траат 6 месеци, бројот ќе се искачи на 7 милиони несакани бремености, според студијата на универзитетот „Џонс Хопкинс”, австралискиот универзитет „Викторија” и „Авенир здравство”.

Видео на денот