Украинските сили и проруските бунтовници не постигнаа договор за повлекување и размена на заробеници

Руско и украинско знаме/ Фото: ЕПА

Украинските сили и проруските бунтовници не постигнаа договор за размена на заробениците и повлекување на трупите по неколкучасовните преговори за конфликтот во источна Украина.

Претставниците на Украина, Русија и бунтовниците се состанаа во Минск за да разговараат за условите за размена на заробениците по привремениот договор постигнат на мировните преговори во Париз минатата година.

Претставничката на бунтовниците во Контакт групата, Олга Кобцева рече дека преговорите не дале резултат, наведувајќи го како главна пречка одбивањето на Украина да ги ослободи затворениците од обвинението за кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот