Украинскиот митрополит ќе предводи литија во Подгорица

Фото: Објектив стори

Митрополитот киевски и сѐукраински Онуфрие допатувал во Подгорица, каде вечерва ќе ја предводи молитвена литија во знак на протест за спорниот црногорски Закон за слобода на вероисповед.

Поглаварот на Украинската православна црква на аеродромот во Подгорица го дочека митрополитот црногорско-приморски Амфилохие и заедно ќе предводат литија во главниот град.

Во градовите ширум Црна Гора и вечерва се одржуваат молебени и литии, во знак на протест против усвоениот Закон за слобода на вероисповед. Литиите од Божиќ се организираат двапати неделно, во четврток и недела, пренесува српски „Блиц“.

Откако во беранскиот манастир Ѓурѓеви ступови е отслужен молебанот, од манастирот е испратена пораката дека со одбрана на светите објекти се брани и Црна Гора.

На собраните граѓани поздрави од Косово им пренел свештеникот Иларион.

– Браќа и сестри Срби и Црногорци, како што јунаците овозможија отстапница и слобода, така и денес после овие литии, зад овие брда и од приморјето, ќе стигне слобода за целиот наш народ – рекол Иларион.

„Кога човекот ќе го снајде неправда, тој оди во црква и се фаќа за олтарот. Така го слушам овој ваш повик – не ги даваме светите објекти – и би ве замолил да се држите до олтарот додека не победи правдата – рекол Иларион, а пренесе „Вијести“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот