Украински командант од Азовстал бара помош за евакуација од Илон Маск

Сергеј Волина со претседателот на Украина, Володимир Зеленски / фото: Редит

Украински командант опколен во фабриката за челик Азовстал, која со недели е под опсада од руската војска, бара од милијардерот Илон Маск да им помогне на преостанатите украински борци да се евакуираат, пренесува Ројтерс.

Многу цивили беа спасени од големата челичарница минатата недела во согласност со договорот со Русија, но не беше постигнат договор со Москва за ослободување на неколку стотици борци, меѓу кои има и ранети.

„Луѓето велат дека доаѓате од друга планета за да ги научите луѓето да веруваат во невозможното. Нашите планети се една до друга, бидејќи живеам таму каде што е речиси невозможно да се преживее“, напиша командантот на маринците Сергеј Волина на Твитер.

„Помогнете ни да излеземе од Азовстал во некоја посредничка земја. Ако не можете Вие, тогаш кој може?“ напишал тој.

Маск, најбогатиот човек на светот, е сопственик на „СпејсЕкс“ и производител на електрични автомобили „Тесла“, а од неодамнка го купи и Твитер.

Според Ројтерс, украинските власти тврдат дека околу 1.000 борци се наоѓаат во бројните подземни тунели на Азовстал, од кои стотици се тешко ранети и им е потребна итна евакуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот