Украинци обвиниле новинари од Јужна Америка дека се шпиони, се спасиле поради Меси и тетоважа на Марадона

Лионел Меси и Диего Марадона/ фото: EPA/CEZARO DE LUCA

Новинари од Јужна Америка кои известуваат од војната во Украина биле уапсени и обвинети за шпионажа, но за среќа се спасиле поради Лионел Меси и починатата аргентинска фудбалска легенда Диего Марадона.

Аргентиниот новинар Гиљермо Паница на јужноамериканските медиуми им откри дека заедничка фотографија со Лионел Меси го спасила од украинската полиција.

За да докаже дека е Аргентинец, Паница им го покажал својот профил на Инстаграм каде има заедничка фотографија со Меси, направена далечната 2007 година за време на Копа Америка.

– Лео е толку голем фудбалер што ни помогна да се извлечеме од украинската полиција. Ти благодарам за заедничката фотографија и ти благодарам што си Аргентинец – му порача Паница на актуелниот фудбалер на ПСЖ.

Слично искуство имал и чилеанскиот новинар Даниел Матамала, на кого украинската полиција на еден од контролните пунктови му ги одзела сите документи и опремата, но го спасил Диего Марадона.

– На еден од контролните пунктови, полицијата ни ги одзеде сите документи, опрема, камери и мобилните телефони. Испитувањето беше тензично бидејќи има војна во нивната земја и тие се сомневаат на шпиони и саботери. Така беше се додека еден полицаец не го виде пасошот на колегата од Аргентина по што почна да ни зборува нешто на украински јазик. Ништо не го разбравме, по што кажа два збора кои веднаш ги разбравме – Меси и Марадона. Потоа сè се промени, тензијата ја снема, а камерманот Хуан Замудио на полицајците им покажа тетоважа од Диего Армандо Марадона по што повеќе немаме никакви проблеми – Матамала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот