Украина повика на прекин на соработката со Русија во ОБСЕ

Заменик-шефот на украинската мисија во ОБСЕ, Викторија Кувшиникова денеска повика на прекин на секоја значајна интеракција со Русија, која, како што наведе, врши терористички напади во обид да ги уништи украинските термоцентрали и хидроцентрали и брани.

„Постојано гледаме дека Русија не ги почитува своите политички обврски кон ОБСЕ, ниту принципите и нормите на меѓународното право. Рускиот режим уште еднаш покажа дека не може да се смета за сигурен партнер, дури ни во рамките на ОБСЕ. Покрај тоа, овие секојдневни напади покажуваат повторно и повторно дека не може да има никаква значајна интеракција со Москва во ОБСЕ додека Кремљ не ја прекине оваа војна“, рече Кувшиникова за време на состанокот на Постојаниот совет на организацијата во Виена.

Таа изјави дека Русија минатата ноќ лансирала 82 проектили и беспилотни летала над Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот