УКРАДЕНИ ПОДАТОЦИ НА МИЛИОНИ БУГАРИ: Хакери упаднале во даночниот систем!

Фото: Профимедиа

Бугарската влада денеска соопшти дека хакери упаднале во системите на даночната управа и украле лични и финансиски податоци на милиони Бугари.

Како што пренесе Фена, нападот на бугарската даночна управа (НРА) се случил кон крајот на јуни, а за него се дознало кога лице кое тврдело дека е руски хакер синоќа ги контактирало локалните медиуми нудејќи пристап до украдените податоци.

– Споредивме 30 отсто од податоците што се јавно објавени и потврдуваме дека се работи за податоци кои ги имала НРА, рече портпаролот на НРА Росен Бачваров.

Бугарскиот министер за финансии, Владислав Горанов изјави дека околу три проценти од базата на податоци е засегната, што вклучува милиони досиеја во земја во која има седум милиони жители. Според него, не само што протекле лични податоци, туку и даночни и социјални податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот