УХМР за водостои на реките и езерата: Преспанско на 842 метра, Охридското на 693 метри, Вардар над просекот за јануари на сите четири мерни места

Фото: МИА

Нивоата на поголем број од реките во земјава се над просекот за јануари, покажуваат податоците на Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР). Нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се околу јануарскиот просек, а нивото на Дојранското езеро е над просекот за овој месец.

Нивото на реката Вардар на сите четири мерни места – кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија е над нивото на јануарскиот просек. Кај Јегуновце измереното ниво е 112 сантиметри, а јануарскиот просек е 92 сантимери. На мерното место во Скопје се измерени 111 сантиметри, а просекот за јануари е 97 сантиметри. Повисоко е нивото што е измерено и кај Велес – 90 сантимерри, каде просекот за јануари е 82 сантиметри. Зголемено ниво има и на мерното место кај Демир Капија, каде нивото е 174, а просекот за јануари е 146 сантиметри.

Зголемено ниво има и реката Брегалница на мерно место кај Берово, каде се измерени 50 сантиметри, а таму јануарскиот просек е 25 сантиметри. Реката Струмица има повисоко ниво од јануарскиот просек на мерно место кај Сушево, но пониско ниво од просекот на мерно место Ново Село. Зголемено ниво има и реката Црн Дрим. На мерното место кај Ложани се измерени 144 сантиметри, а таму јануарскиот просек е 122 сантиметри.

Денеска водостојот на Охридското езеро е 693.28, што е близу јануарскиот просек кој изнесува 693.38. Слична е состојбата и кај Преспанското езеро каде 842.41, а просекот за јануари е 843.78. Зголемување на водостојот има кај Дојранското езеро и тој изнесува 147.00, за разлика од јануарскиот просек кој изнесува 143.99.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот