УЕФА ќе го укине финансискиот фер-плеј!?

фото: EPA-EFE/Richard Juilliart

Според „Њујорк Тајмс“, финансискиот фер-плеј наскоро ќе замине во историјата. Имено, овој многу важен дел од правилникот на УЕФА сака да го укине нејзиниот претседател Александар Чеферин.

Словенецот сака финансискиот фер-плеј да биде заменет со ограничување на платата, но наиде и на некои проблеми при спроведувањето на својата идеја.

Проблемот е европскиот закон за работни односи, кој не му дозволува на Чеферин да ја спроведе својата идеја. Сепак, УЕФА ќе донесе нова Регулатива за финансиска одржливост, според која на клубовите ќе им биде дозволено да трошат до 70 отсто од приходите за трансфери.

Клубовите ќе имаат тригодишен период да се прилагодат на новите правила, а веќе во првата сезона ќе можат да трошат и до 90 отсто од приходите.

Оние клубови кои ќе го прекршат новиот Правилник ќе бидат исклучени од европските натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот