УЕФА ги објави номинациите за најдобри играчи во Лигата на шампионите

Роберт Левандовски /Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmanno

Европската фудбалска куќа ги објави номинациите за најдобри играчи по позиции во минатата сезона на Лигата на шампионите, а помеѓу кои најмногу фудбалери има од Челси и Манчестер сити.

Меѓу номинираните има пет играчи од редовите на европскиот шампион Челси, тројца се од Сити, додека останатите доаѓаат од Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и ПСЖ.

Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Едерсон (Манчестер сити) и Едуард Менди (Челзи) се номинирани за најдобар голман, додека кандидати за најдобар дефанзивец се Цезар Аспиликуета (Челси), Рубен Дијаз (Манчестер сити) и Антонио Ридигер (Челзи).

Во конкуренција за најдобар играч од средниот ред се двајца членови од Челси, Жоржињо и Н’Голо Канте, како и играчот на Сити, Кевин де Брујн.

Меѓу кандидатите за најдобар напаѓач нема играчи од Челси и Сити, бидејќи тука се Роберт Левандовски од Баерн, Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Килијан Мбапе (ПСЖ).

Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавени на 26 август во Истанбул (Турција), за време на жрепката за групната фаза од Лигата на шампионите (2021/2022).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот