Ученик ранет во САД откако вперил пиштол во полицаец

Фото:. EPA

Во средно училиште во Милвоки, полицаец пукал во наоружан ученик кој во него го вперил пиштолот, соопштила полицијата.

При таа прилика ранет бил 17 годишен ученик, кој бил и приведен. Неговата состојба е стабилна, а во инцидентот немало други повредени, изјавил шефот на локалната полиција Расел Џек.

Настанот се случил во училница во понеделникот наутро, откако еден од учениците пријавил на школскиот полицаец дека неговиот другар има пиштол, а набргу пристигнало и полициско засилување.

Џек не прецизирал дали при инцидентот имало и други ученици во просторијата. Полицијата наведува дека станува збор за изолиран инцидент и дека не се бара друг осомничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот