Ученичка од хрватско училиште составила список за ликвидација на соученици, полицијата ја приведе

Ученичка во училиште во Бјеловар (Хрватска) направила список на соученици со закана за нивна ликвидација. Заканата за регионалниот портал Bjelovar.live. ја потврдиле голем број родители.

Учениците денеска ги запознале со оваа информација, иако списокот за убиствата со имиња и презимиња на машки и женски ученици наводно бил објавен пред неколку дена на мрежата „Тик-Ток“ и се уште кружел на социјалните мрежи, пишува „Bjelovar.live“.

За видеото била известена полицијата, која за многу кратко време ја привела ученичката, а видеото набрзо било избришано.

Но, од видеото наводно има копии направени од ученици, а несомнено сè уште се споделуваат меѓу децата.

За случајот е запознаен регионалниот Завод за социјална работа.

Ученичката која го составила списокот, истиот ден била избркана од училиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот