УБЛАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Владата на Словенија со милијарда евра ќе ѝ помогне на економијата

Фото: МИА

Словенечката Влада донесе одлука со една милијарда евра да ѝ помогне на економијата да ги ублажи последиците кои ги трпи поради коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, оваа мерка е донесена по состанокот кој претставниците на повеќе индустрии го имаа со министерот за економија Здравко Почивалшек, а разговараа околу штетите кои коронавирусот директно ги предизвикува врз економијата, најмногу во секторите туризам, трговија, логистика и производство.

– Мерките мораат да бидат систематски, планирани и помошта да се дава по точно дефинирани критериуми за да се избегнат евентуални злоупотреби. Ние исто така сме во постојан контакт со надлежните еврокомесари – изјави Почивалшек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот