Ублажени мерките во Црна Гора: Граѓаните можат да излегуваат и во недела до 13 часот

Фото: Профимедиа

Со наредба на црногорското Министерство за здравје, мерките за забрана на движење се ублажени, односно на граѓаните им е овозможено движење во недела до 13 часот, со стриктно придржување до сите останати мерки, пренесува ЦДМ.

Тоа значи дека, како што објаснува ЦДМ, забраната за движење ќе важи од понеделник до петок од 19 часот до пет наутро, а сабота и недела од 13 часот до 5 наутро следниот ден.

Претходно мерките, кои на 30 март ги донесе Националното координационо тело (НКТ), на граѓаните им беше забранет излезот од домовите од сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Според наводите, до 17 април се продолжува и примената на повеќе привремени мерки, донесени на 16 и 17 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот