Убиени се 15, а ранети 60 луѓе во нападот на израелската армија врз амбулантни возила во Газа

Напад врз амбулантни возила во Газа

Загинаа 15 лица, а 60 се ранети во израелскиот воздушен напад извршен синоќа врз амбулантни возила што беа користени за евакуација на ранетите од опколениот северен дел на Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата под контрола на Хамас.

Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичката ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила.

Официјалниот претставник на Хамас Изат Ел Решик рече дека наводите за присуството на неговите борци се „неосновани“. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, рече дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа. Кидра рече дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост.

Во соопштението за инцидентот израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот