ВИДЕО: Израел изврши напад врз болница и амбулантни возила, обвинува палестинско здружение

Луѓе пред болница во Газа / Фото EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Палестинското здружение „Црвена полумесечина“ ги обвини израелските сили дека извршиле воздушен напад врз група амбулантни возила, од кои едната припаѓала на PRCS, кои се враќале од мисија за транспорт на повредени лица до граничниот премин Рафах.

PRCS, која е членка на Меѓународниот Црвен крст, објави снимка од амбулантни возила со скршени шофершајбни на X. Хуманитарната група рече дека амбулантните возила патувале на улицата Рашид во Западна Газа кога нападот се случил околу 16:30 часот во Газа, но рече дека членовите на PRCS не биле повредени.

Во меѓувреме,  Министерството за здравство на Газа соопшти дека „неколку граѓани се убиени, а десетици ранети“ во, како што рече, израелски напад на влезот на болницата.

Друга објава на PRCS ги обвини израелските сили за напад врз едно од нивните возила за брза помош надвор од болницата Ал-Шифа, исто така велејќи дека нивните колеги не биле повредени.

ИДФ изјави за Ројтерс дека го разгледува извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот