Убиецот Коста прашувал кога ќе биде ослободен и какви се реакциите на јавноста за тоа што го направил

Фото Слободен печат

Момчето Коста Кецмановиќ (13) кое со пиштолот на својот татко уби осум врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае за тоа што го направи, пишуваат српските медиуми. Тој во моментов е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, сосема мирен и поставувал само две прашања: „Кога да излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“, јавуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори од Клиниката.

Како што пренесуваат медиумите од Белград, момчето не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.

Опишувајќи ја моменталната состојба на момчето, извори од Клиниката наведуваат дека момчето убиец размислувало и се однесувало како да е во прашање моментот кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.

Коста го чека тој момент и очигледно е убеден дека треба да биде ослободен деновиве, пишуваат медиумите.

– Второто прашање што го поставува е какво влијание остави, какви реакции. Што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе му скандираат – објаснуваат извори од Клиниката.

Како што дознаваат српските медиуми, седмоодделенецот не примал ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“ и „не му требале“. Лекарски тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, што му претходело на монструозниот чин, но и за време на егзекуцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот