Убедливо најлесниот начин за бојадисување волшебно убави јајца: Сè што ви треба е овој чај 

Фото: Инстаграм/@nastya040589

Ако немате инспирација и идеи за боење и украсување, еве еден одличен, а лесен метод. Сѐ што ви треба е рефус чај од хибискус, пишува „Блиц“.

Ова ќе им даде на јајцата убава сина, виолетова или сива нијанса, во зависност од самиот чај и тоа дали користите бели или жолти јајца. Исто така, можете да добиете многу убав ефект ако вака бојадисаните јајца ги измешате со сребрен или златен прав.

А еве како треба да изгледа целиот процес! Најпрво варете ги јајцата на вообичаен начин. Во посебен сад, истурете чај од хибискус (околу 100 грама), истурете голема количина топла вода (еден литар на 100 гр чај) и додадете една лажица оцет. Во оваа смеса потопете ги јајцата и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа вадете едно по едно јајце заедно со плодовите од хибискус и завиткајте го во проѕирна кујнска фолија, па оставете го уште неколку минути.

Има уште еден начин да бојадисате вакви јаца, можете едноставно да ги оставите јајцата да седат во мешавината на вода и чај малку подолго. Колку подолго стојат (може и до три-четири часа) бојата ќе биде различна, па со истата смеса практично можете да добиете јајца со различна боја. Кога ќе ги извадите јајцата од чајот, оставете ги да се исушат на собна температура. Или додека се сè уште влажни јајцата можете да ги натапкате со хартија и на тој начин ќе добиете „мермерен“ ефект.

Фото: Инстаграм/@nastya040589
Фото: Инстаграм/@nastya040589

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот