УБ ВИДЕО | Ангеловски: Продолжува тенденцијата на зголемување на сообраќајната култура

Тони Ангеловски, портпарол на МВР / Утрински брифинг

Заврши продолжениот викенд и иако за сето време не престана да врне дожд, сепак мобилните екипи на Министерството за внатрешни работи од секторот сообраќај беа на терен и имаа полни раце работа.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

-МВР работи без разлика дали е викенд или празник. Граѓаните треба да знаат дека полициските службеници работат за доброто на граѓаните. Сообраќајните контроли за време на викендот покажуваат дека имало 394 прекрушувања на сообраќајните правила, односно возење над дозволената брзина, информира Ангеловски.

-Морам да кажам дека продолжува тенденцијата на сообраќајната култура. Се надеваме дека и октомври ќе го заокружиме со многу мала бројка на жртви во сообраќајни незгоди и ќе продолжи тенденцијата од од август и септември кога имамавме за три пати, односно за пет пати помал број на жртви во однос на минатата година, додава портпаролот на МВР.

Целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот