Уапсените Американци во Венецуела обвинети за тероризам (ВИДЕО)

Двајцата Американци може да добијат казни од 25 до 30 години затвор.

Венецуела ги обвини двајцата поранешни американски војници Лук Александер Денман и Еран Бери за „тероризам” и „завера” заради нивното учеството во неуспешниот обид за инвазија и преврат за соборување од власта на претседателот Никола Мадуро, изјави денеска генералниот обвинител на земјата.

Денман (34) и Бери (41) се наоѓаат меѓу 17-те лица кои беа фатени од  венецуелските сили, откако во неделата рано утрината им беше откриен и спречен обидот за државен преврат во Венецуела.

Генералниот обивнител Тарек Вилијам Сааб изјави дека тие се обвинети за „тероризам, завера, шверц на воено оружје и криминално здружавање” и може да добијат казни од 25 до 30 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот