Уапсени пет белграѓани, измамиле Европејци за над 60 милиони евра

Осомничените, заедно со соизвршителите од други земји, оштетиле повеќе илјади лица за повеќе од 60.000.000 евра.

Припадниците на српското МВР, во соработка со Посебното обвинителство за високотехнолошки криминал и полициите и обвинителствата од Германија, Австрија и Бугарија, како и институциите за правосудна и полициска соработка на ЕУ Евроџаст и Европол уапсија пет лица под основано сомнение дека извршиле кривични дела измама и перење на пари. Уапсени се З.М: (37), М.Б. (36), Ф.И. (31), С.Ш. (49) и А.Ѓ. (26) сите од Белград.

Тие се осомничени дека во подолг временски период заедно со соизвршители од Бугарија, Австрија, и Германија, вршеле сложени финансиски измами со помош на компјутерски мрежни платформи за трговија со лажни берзански плаќања, како и дека лажно го претставувале движењето на цените на акциите преку лажни агенти – брокери кои работеле во телефонски центри за повикување на оштетените.

На тој начин, осомничените наведувале граѓани од повеќе земји на ЕУ да уплатат што поголеми суми пари на име на лажна купопродажба на акции. Како што се сомнева, бидејќи оштетените уплатувале што поголеми износи пари, осомничените после одреден период, им прикажувале како, наводно акциите целосно да изгубиле вредност, па така оштетените ги изгубиле вложените средства.

На тој начин осомничените, заедно со соизвршителите од други земји, оштетиле повеќе илјади лица за повеќе од 60.000.000 евра.

Полицијата при претрес на становите како и деловните простории на фирмата „Select X” и “I-source” во Белград кои осомничените ги користат, им ја одзеле компјутерската опрема и три патнички возила.

На осомничените им е одредено задржување до 48 часа и тие, со кривична пријава ќе бидат приведени во надлежното обвинителство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот