Уапсена банда во Италија – Со електрошокови и сексуални цртежи ПЕРЕЛЕ мозоци на деца

Уапсени се 18 лица, вклучувајќи градоначалник, лекари и социјални работници, обвинети за лажење на деца дека нивните родители ги злоупотребуваат за да можат да ги продадат на згрижувачки семејства.

Истрагата во градот Реџо Емилија почнала лани, при што е откриена мрежа на учесници, кои користеле методи како електрошокови за перење мозоци на децата, притоа убедувајќи ги дека се сексуално злоупотребувани. Децата потоа биле продавани на други луѓе, а подароците и писмата што им ги праќале нивните родители не ги добивале. Овие предмети биле најдени во едно складиште.

Терапевтите се облекувале како зли ликови од детски приказни, а покрај електрошокови, се користеле и цртежи со сексуална конотација.

– Овие обвинувања, ако се докажат, се застрашувачки и шокантни – соопшти италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

Меѓу уапсените е и градоначалникот на Бибијано. Полицијата не објави за колку деца станува збор, но во игра биле стотици илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот