Уапсен скопјанец кој се барал за издржување казна затвор од пет години

Затворот во Идризово, Фото: МИА

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со ЕВР Кисела вода денеска во 12:15 часот на ул.„Благоја Тоска” во Тетово, го привеле Д.Т.(43) од Скопје, кој се барал по две потерници.

Од МВР соопштија дека Д.Т., кој се барал за издржување на казна затвор од пет години и истрага по член 215 од Кривичниот законик на РСМ, е предаден на ПС Тетово, а потоа ќе биде спроведен до КПД Идризово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот