Уапсен Милан Рабреновиќ, поранешниот телохранител на Груевски и близок до Мицкоски

Фото: Архива на „Слободен печат“

Вчера било спроведено големо апсење во Скопје. Имено, полицијата го привела полицаецот Милан Рабреновиќ, поранешен телохранител на Никола Груевски и човек близок до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Рабреновиќ, заедно со уште две лица, рекетирале скопјанец, дознава „Фронтлајн“.

Тие од оштетениот поради претходен земен заем од 63 500 евра во текот на 2004 година, во 2019 година му побарале околу 440 000 евра, дознава „Фронтлајн“.

Потоа му побарале дополнителни 560 000 евра, кои требало да им ги исплати до 30.6.2022 година. При примопредавање на дел од парите, тројцата се уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот