Уапсен Британец од амбасадата во Берлин поради шпионирање за Русија

Берлин/ Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Британец вработен во амбасадата во Берлин вчера бил уапсен поради сомневање дека извршил шпионажа за Русија, пренесува Би-Би-Си.

Германските федерални обвинители велат дека мажот, именуван како Дејвид С. (57), работел во британската амбасада во Берлин.

Наводно, тој „барем еднаш“ им предал документи на руските разузнавачи во замена за „непозната сума“ на пари.

Тој бил уапсен во вторникот во Потсдам, пред Берлин, а полицијата извршила претрес во неговиот дом и на работното место.

Апсењето било резултат на заедничка истрага на Британија и Германија.

Денеска тој ќе се појави пред судот во Германија. Од амбасадата велат дека тој бил вработен како локален персонал во амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот