Твитер ќе ги означува профилите на медиумите каде „државата има контрола“

Твитер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Компанијата Твитер ќе почне да ги означува профилите на медиумските куќи поврзани со владите и државите членки на Советот на безбедност на Обединетите нации.

Новите ознаки нема да се применуваат на сите медиумски куќи кои имаат државни финансирање, туку само на „медиумите во кои државата има контрола над содржината низ финансиски ресурски, директен или индиректен притисок и контрола над продукцијата и диструбицијата“, било објавено на блогот на компанијата Твитер.

Ознаки, меѓу другите, ќе добијат профилите на Чајна Дејли, Раша Тудеј, Спутник и други медиумски куќи, навел портпаролот на Твитер.

Тие нема да бидат ставени на профилите на Глас на Америка и Радио Слободна Европа, двете медиумски куќи финансирани од американската влада, или на профилите на Ен-Пи-Ар и Би-Би-Си, кои се сметаат како „државно финансирани медиумски организации со уредувачка независност“.

Твитер ќе ги означи и профилите на некои државни функционери од петте држави членки кои постојани членки на СБ на ОН, вклучувајќи ги амбасадорите и министрите за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот