Турција: Одлуката на САД за борбените авиони Ф-35 се коси со духот на Алијансата

Фото: Профимедиа

Од Турција се незадоволни поради одлуката на САД да не им ги продадат ловечкиот борбени авиони Ф-35, па сметаат дека оваа одлука е „против духот на НАТО“.

„Овој едностран чекор се коси со духот на Алијансата и не се темели на никакво легитимно оправдување. Не само што не е фер Турција да биде исфрлена од програмата во којашто е партнер, туку и тврдењето дека С-400 ќе го ослабне ‘Ф-3’ е неточно“, се наведува во соопштението на министерството, пренесе „АП“

Турција минатата недела почна да добива делови од рускиот ракетен систем за одбрана „С-400“, што беше причина за официјален Вашингтон да ја донесе оваа одлука, Турција да биде суспендирана од програмата на ловечките авиони „Ф-35“.

Турција не се откажа од С-400, а турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека системот ќе биде целосно воведен во април 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот