Турција ќе се обрати на друго место ако САД не им ги продаде борбените ловци Ф-35

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакнал дека Турција ќе „мора да се обрати на друго место“, во случај САД да не им ги продаде борбените ловци Ф-35.

Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, Ердоган пред членовите на неговата партија (Партија за правда и развој – АКП) рекол дека одлуката на Вашингтон да ја исклучи Анкара од програмата за развој на овој тип авиони нема да ја спречи Турција да ги оствари своите потреби во военото воздухопловство.

САД објавија дека ќе ја исклучат Турција од програмата за „Ф-35“ откако Анкара набави руски ракетен одбранбен систем „С-400“, што за Вашингтон претставува закана.

Американските власти исто така се заканија дека ќе воведат санкции за Турција, а официјална Анкара ги отфрли ваквите предупредувања.

Ердоган рече дека се надева оти американските официјални претставници ќе бидат разумни во врска со санкциите додавајќи дека Турција исто така би можела да ја преиспита својата одлука за купување нови „боинг“ авиони од САД.

– Нема да ни дадат ‘Ф-35’? Во ред, тогаш извинете, но ќе треба да преземеме акција за ова прашање и да се обратиме на друго место – порача Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот